Лаптопите ги претркаа персоналните компјутери

Bez autora
May 08 2013

Врвот во продажбата на компјутери и компјутерска опрема се постигна во 2008 година кога се продадоа околу 100 илјади персонални и преносни компјутери и се оствари обрт од 40 милиони евра. Четири години подоцна, продажбата на персонални компјутери е драматично намалена, што претставува сериозна закана по финансиската стабилност на голем број ИТ компании. Дистрибутерите на хардверска опрема велат дека лап топите веќе ги замениле персоналните компјутери. Со развој на технологиите, безжичниот пристап до интернет, пристапните цени и мобилноста на лаптопите си го направија своето, па така обичните корисници се повеќе се одлучуваат за купување лаптоп пред персонален компјутер.

Лаптопите ги претркаа персоналните компјутериВрвот во продажбата на компјутери и компјутерска опрема се постигна во 2008 година кога се продадоа околу 100 илјади персонални и преносни компјутери и се оствари обрт од 40 милиони евра.

Четири години подоцна, продажбата на персонални компјутери е драматично намалена, што претставува сериозна закана по финансиската стабилност на голем број ИТ компании. Дистрибутерите на хардверска опрема велат дека лап топите веќе ги замениле персоналните компјутери.

- Со развој на технологиите, безжичниот пристап до интернет, пристапните цени и мобилноста на лаптопите си го направија своето, па така обичните корисници се повеќе се одлучуваат за купување лаптоп пред персонален компјутер - вели Виолета Спасевска, менаџер во АМЦ.

Продажбата на компјутери и на светско ниво драматично паѓа. Светските маркетинг компании трендот го објаснуваат со зголемената продажба на смартфоните и таблет компјутерите кои во моментот ја одржуваат ИТ индустријата во живот. Во првиот квартал од годинава, на светско ниво продажбата на персонални компјутери се намалила за 14%. Во Македонија се уште нема официјални податоци за колку е намалена продажбата.

- Според неформалните податоци од членките за првиот квартал годинава забележан е пад на продажбата на хардвер. Тоа, пред се, се должи на намалената куповна моќ на населението, намалувањето на нарачките од компаниите, како и на увозот од неавторизирани продавачи - вели Илија Стевков, претседател на Комитет за хардвер при МАСИТ.

Експертите велат, таблетите постепено ќе ги потиснуваат од пазарот статичните, но и лап топ компјутерите. На светско ниво се очекува продажбата на персонални компјутери да се намали за 7,6%. Според податоците на ИТ Комората, во 2011 година, целиот ИТ пазар во Македонија тежел 180 милиони долари со проекција да достигне сума од 226 милиони долари во 2016 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik